En-Strip

Научен назив:
Encarsia formosa
Општоприфатено име:
Паразитска оса
Категорија на производ:
Natural enemy
Play
Play
Се користи за

Се користи за

Кога да се користи En-Strip?

Користете En-Strip за биолошка контрола на оранжериски белокрилки (Trialeurodes vaporariorum) и тутунови белокрилки (Bemisia tabaci) во третата и четврта фаза на ларва. Користете го En-Strip превентивно и на првиот знак на присуство на штетници.

Како функционира

Како функционира

Како функционира En-Strip?

Женски возрасни паразитски оси ја паразитираат третата и четвртата фаза на ларва на белокрилката. Покрај тоа, женките се хранат со хемолимфа од ларвите од белокрилка..

Play
Спецификации на производи

Спецификации на производи

Информациите дадени подолу се само за упатување. Приспособен совет може да се обезбеди ако се достапни информациии за локалните фактори коишто треба да се земат предвид, како културата, климатските услови и нивото на наезда. За правилен пристап, консултирајте се со специјалист на Koppert или со познат дистрибутер на производи Koppert.

En-Strip превентива блага лековитост силна лековитост
<p>Дозирање 1,5-3/m2 3-6/m2 9/m2
м2/единица 1000-2000 500-1000 330
Интервал (денови) 7-14 7 7
Фреквенција - мин. 3x мин. 3x
Забелешки - Користете ги додека се постигне контрола Kористете ги додека се постигне контрола</p>
Упатства за употреба

Упатства за употреба

Примена на En-Strip

  • Внимателно отворете го пакувањето во пластеникот
  • Свиткајте ги и скинете ги лентите од спротивната страна на отворот за поставување.
  • Закачете ги картичките на растенијата, ако е можно приближно на 75 cm под врвот на растението.
  • Да не бидат на директна сончева светлина
  • Не допирајте ги куклите
Play

Најдобри услови за функционирање на En-Strip

Оптимални услови за функционирање на En-Strip, просечната температура во оранжеријата да не биде под 17°C/63°F. На пониски температури се препорачува да ги користите картичките со половина количество кукли.

Несакани дејства

Пестицидите може да имаат (ин)директни ефекти врз биолошките решенија. Откријте кои пестициди имаат несакани дејства врз овој производ.

Оди до база на податоци за несакани дејства
Ракување со производи

Ракување со производи

Ракување

Биолошките полезни организми имаат многу краток животен век и затоа треба да се воведат кај културата што е поскоро можно по приемот. Ако не направите така може да има негативно влијание врз нивниот квалитет. Во случај да треба да го складирате En-Strip, следете ги упатствата подолу. Koppert B.V. не е одговорен за никаква загуба на квалитет ако производот е складиран за подолго и/или под поинакви услови од препорачаните.

  • Складирање по прием: максимум 1-2 дена
  • Температура на складирање: 8-10°C/47-50°F
  • На темно

Се применуваат општите услови на Koppert (Koppert B.V. и/или нејзините поврзани компании). Користете само производи што се дозволени во вашата земја/држава и за вашата култура. Секогаш бидете усогласени со локалните регистрации. Koppert не може да се смета за одговорна за неовластена употреба. Koppert не е одговорна за никаква загуба на квалитет доколку производот е складиран подолго време отколку што е препорачано и/или под несоодветни услови.

Ви треба помош?