Лекување на убоди од бумбар и алергии

Лекување на убоди од бумбар и алергии

Лекување на убоди од бумбар и алергии

Овие информации за убодите на бумбарите обезбедуваат упатство за намалување на шансата да бидете боцнати од бумбар и за можната реакција на убодот и за третманот. Постер верзијата за убоди од бумбар и алергии може да се преземе овде.

Убоди на бумбари, пчели и оси

Бумбарите се присутни во природната средина на многу земји. Како дополнение, бумбарите и пчелите се користат како опрашувачи кај земјоделските и градинарските култури. Постојат разни подвидови со различен изглед вклучувајќи различни бои и шари. Обично, бумбарите се поголеми од пчелите и повлакнести од осите.

Само бумбарите работници и кралиците имаат осило, како што е и случајот со пчелите и осите. Трутовите не боцкаат. Осилото е одбранбено оружје. Кога инсектот боцка, одреден отров се вбризгува во телото преку осилото. Кај луѓе, тоа предизвикува кратка, остра болка што потоа се намалува. Повремено (кај приближно 1% од случаите) се развива алергиска реакција против инјектираниот отров.
Одговорот на убодот на бумбарот може да се разликува по случај.

Осилото на бумбарот или осата не е назабено . Тоа значи дека работничката или кралицата може да го извлечат осилото и можат повторно да боцнат. Осилото на пчелата е назабено. Кога пчелата ќе се обиде да го извлече осилото тоа и се одвојува од стомакот, при што и жлездата со отровот останува прикачена на него.

Како да спречите убоди од бумбар?

Бумбарите ретко боцкаат. Шансите да бидете боцнати од бумбар можат да се намалат со избегнување тие да се провоцираат или да се прават агресивни. Пред се, важно е да се биде смирен кога се работи со бумбарите. Не мавтајте со рацете кон бумбарите, не удирајте ја кошницата, не допирајте ги и не држете ги бумбарите и сл.

Исто така, имајте во предвид дека бумбарите може да реагираат агресивно на мириси како што се алкохол, пот, парфеми, ароматични сапуни, лосиони за после бричење и слично. Дополнително, прстени, бразлетни и часовници може да предизвикаат агресивно однесување (поради мирисот на оксидиран материјал помеѓу кожата и накитот) Бумбарите ги привлекува сината боја, вклучувајќи сина и особено светлосина облека. Носењето заштитна облека може да го намали ризикот од убоди. Бумбарите можат да боцкаат преку облека.

Боцнати сте? Реакции и лекување

Обично убодот од бумбар доведува до неалергиска, локална реакција: оток, чешање и црвенило на местото на убодот, што трае само неколку часа. Тоа може да настане веднаш по убодот, но почесто започнува по неколку часа. Отокот или чешањето може да траат со часови па дури и со денови. Во некои случаи локалната реакција може да се рашири до извесен степен; во таков случај обично е потребно подолго време симптомите да исчезнат. Ова сѐ уште се смета за локална, неалергиска реакција.

Лекување на неалергиска, локална реакција

Вообичаено не е потребно медицинско лекување. Може да се преземат некои мерки да се минимизира локалната реакција, особено ако лицето било боцнато на чувствително место, како на пример во близина на очите. Што е можно поскоро по убодот, лицето треба да земе антивоспалителен лек (како што се аспирин или ибупрофен). Ладни облоги исто така може да се нанесат на местото. Како дополнение, достапни се бројни креми против чешање (на пр. такви што содржат диетил-м-толуамид).

Во ретки случаи на убод во устата или фарингсот, пациентот треба веднаш да се однесе во болница, бидејќи тоа може да предизвика блокирање на дишните патишта. Во болницата на пациентот ќе му бидат дадени кортикостероиди (како преднисон) и ќе бидат задржани за набљудување.

Алергиска реакција

Кај околу 1% од населението, повторени убоди (или во некои случаи само два или три убода) може да доведат до алергиска реакција исто така наречена општа алергиска реакција, системска алергиска реакција или анафилактичка реакција. Бидејќи алергиска реакција вклучува антитела формирани во текот на претходното изложување на антиген, не е можно да се јави алергиска реакција по првиот убод. Алергиските реакции обично стануваат очигледни многу брзо по убодот (од неколку секунди до половина час по убодот).

Алергиските реакции се класифицирани во четири нивоа, по редослед на зголемена сериозност:
Ниво 1 - чешање, црвенило и оток (уртикарија, осип) по целото тело
Ниво 2 - симптоми од ниво 1 плус интестинални проблеми (повраќање, дијареја)
Ниво 3 - симптоми од ниво 1 и/или ниво 2 плус тешкотии при дишење и/или чувство на гушење
Ниво 4 - симптоми од ниво 1 и/или ниво 2 и/или ниво 3 плус неправилни отчукувања на срцето, губење свест, анафилактички шок (придружено со вртоглавица, прекумерно потење и/или тресење од студ)

Лекување на алергиска реакција

Во случај на појава на треска или реакција од 1 степен, контактирајте со лекар. Може да се донесе одлука да се следи состојбата и да се види како се развиваат нештата. Период на набљудување во болница е пожелен, бидејќи реакцијата може прогресивно да се зголеми со текот на времето.

Токсични реакции

Токсични реакции настануваат само кога жртвата е избодена десетици пати во краток период. Општи алергиски реакции може да настанат во нервниот или циркулаторниот систем, како што се срцева аритмија или тешкотии при дишењето. Во ваков случај исто така, жртвата треба да се однесе во болница за лекување и набљудување.

Хипервентилација

Како дополнение на тешка алергиска реакција од ниво 4, хипервентилацијата, можеби како резултат на шок, исто така може да предизвика губење на свест. Во такви случаи исто така е неопходно веднаш да се повика итна медицинска помош.

Зголемен ризик

Луѓето кои користат одредени лекови (бета-блокатори) и бремени жени се со зголемен ризик кога ќе се појават алергиски реакции по убод од бумбар.

Живеење со алергија на бумбари

Ако еднаш сте имале алергиска реакција, тоа не значи дека пак ќе имате алергиска реакција на следниот убод. Особено ако сте имале реакција од ниво 1 или 2, шансата е мала. Реакциите на убоди на бумбар може да се разликуваат од случај до случај. Денеска е можно да се направи тест со користење прочистен отров од бумбар да се открие дали ќе имате алергиска реакција следниот пат кога ќе бидете боцнати. Исто така е можно да се користи прочистениот отров за третман на хипосензитизација.

Имунотерапија со отров од пчела не значи дека ќе ги заштити пациентите со алергија на бумбар. Ова лекување е наменето да се десензитизира телото на отровот од бумбар. Ако не сакате да поминете низ третман за хипосензитизација, може да добиете рецепт за автоинјектор на адреналин (како EpiPen или Jext) од вашиот лекар. Истиот може да го носите со вас и се користи да се инјектира епинефрин во бутот во случај на убод.
Испитувања и лекувања се достапни во одделот за алергологија на RdGG (Dr de Groot) на локацијата Диаконесехуис во Воорбург.

Информации за лекарите

Детални информации во врска со медицински третман на алергиски реакции се достапни од Koppert на барање.
За дополнителни информации, контактирајте со алерголог или доктор по интерна медицина.

Литература
De Groot, H. Allergie voor insecten, Huisarts en Wetenschap 2002; 45 (7): 362-7.
De Groot, H. Allergy to bumble bees. Curr Opin Allergy Clin Immunol 2006; 6: 294-7.

Отпечатен постер што ги покажува сликите е достапен од Koppert. Овој постер е исто достапен со о преземање (УРЛ).
Совет: Додадете ги информациите за контакт за барање медицинска помош и итен медицински третман на постерот.

Овие информации се наменети само како образовен ресурс и не треба да се користат за дијагностицирање или лекување здравствен проблем и не се замена за медицинска нега. Ако имате или се сомневате дека може да имате здравствен проблем, побарајте медицинска нега.

Ви треба помош?