Се користи за
Се користи за
Кога да го користите Natupol Booster?
Natupol Booster е специјализиран за постигнување најдобри резултати за опрашување на земјоделски култури со временски период на разцветување од една до четири недели и за опрашување на култури на површина од 500м2 до 5000м2.Бумбарите можат да се користат во скоро сите култури на отворено поле кои имаат потреба од опрашување како што се: костилкави овоштија (цреши,сливи,кајсии), јаболчесто овошје (јаболка,круши,киви), јагодесто овоштие (боровинки,малини,јагоди,капини),тикви(лубеници,тикви,итн), и семенски посеви (хибридно семе од репка,итн).
Како функционира
Како функционира
Како работи Natupol Booster?
Natupol Booster е кошница што содржи голема колонија на бумбари. Дополнителната вентилација гарантира дека колонијата е заштитена од кондензација или екстремна топлина. По поставувањето на стално место , работничките (бумбари)започнуваат да ја опрашуваат културата.Во наредните недели ке бидат подржани од новородените работнички (бумбари).Natopol Booster им нуди на колониите на бумбарите дополнителна заштита од дожд и температурни флуктуации. Патентираната кошница на Natupol Booster содржи 80% помалку пластика и е многу еколошка и издржлива. Кошницата е добро изолирана, но има и дополнителни опции за вентилација за употреба во потоплите климатски зони. Благодарение на оваа идеална комбинација од изолација и вентилација, климата во кошницата останува совршена, што обезбедува колониите од бумбари да даваат подобри резултати.
Спецификации на производи
Спецификации на производи
Eдна кошница со голема колонија на бумбари се состои од:кралица,работнички ,ларви и кукли (потомство),шекерна вода.
Упатства за употреба
Упатства за употреба
Примена на Natupol Booster
Колониите од бумбари на Natupol Booster може да се постават на стално место 4-7 дена пред периодот за разцветување. Ова нема негативно влијание врз колониите или нивниот капацитет за опрашување.
- Ставете ја Natupol Booster кошницата на средината на парцелата .Најдобро е да се постави на хоризонтална платформа веднаш над земјата.
- Откако ќе ја поставите кошницата, почекајте најмалку половина час пред да ги отворите дупките за летање. На овој начин колонијата на бумбари ќе се смири од потресите при транспортот.
- Доколку е потребно, заштитете ги кошниците од директна сончева светлина и дожд. Кошницата треба да биде добро прицврстена за подлогата за да се избегне нејзино превртување од ветер или животни.
- Во топло време, отворете ги дупките за вентилација на горниот дел од кошницата.
- Отстранете го белото капаче пред да ја отворите кошницата.
Најповолни услови за користење на Natupol Booster
Natupol Booster дава оптимални резултати при температура од 10-30°C
Каде треба посебно да се обрне внимание?
- Бидете сигурни дека пристапот до самата кошница и до нејзините влезови се јасно видливи со цел да можат бумбарите лесно да го најдат патот до кошницата.
- Не ja поставувајте кошницата во кос агол како би спречиле протекување на шеќерната вода.
Несакани дејства
Пестицидите може да имаат (ин)директни ефекти врз биолошките решенија. Откријте кои пестициди имаат несакани дејства врз овој производ.
Ракување со производи
Ракување со производи
Складирање
- Секоја кошница содржи храна за да ги задржи бумбарите во добра состојба за време на транспортот и складирањето
- .За да обезбедите најдобри резултати од опрашување, ставете ја кошницата во употреба уште на денот на пристигнување ,најдоцна еден ден по пристигнувањето.
- Чувајте ги бумбарите на температура од 15-25 ° C
- Избегнувајте изложување на кошницата на директна сончева светлина .
Се применуваат општите услови на Koppert (Koppert B.V. и/или нејзините поврзани компании). Користете само производи што се дозволени во вашата земја/држава и за вашата култура. Секогаш бидете усогласени со локалните регистрации. Koppert не може да се смета за одговорна за неовластена употреба. Koppert не е одговорна за никаква загуба на квалитет доколку производот е складиран подолго време отколку што е препорачано и/или под несоодветни услови.