Чек-листа за опрашување на отворено

Чек-листа за опрашување на отворено

Бумбарите на Koppert обезбедуваат природно опрашување и кај култури во затворен простор и кај култури на отворено. Добро опрашување кај култури на отворено може да се постигне со следење на препораките прикажани подолу. Препораките исто така се собрани и објавени во брошура доставена заедно со кошницата.

Совет за поставување

Воведете ги бумбарите 4-7 дена пред да започне цветањето. Штом ќе се отворат цветовите, бумбарите ќе почнат да опрашуваат. Поставете ја кошницата во културата веднаш по испораката или максимум еден ден подоцна, за да им овозможите на бумбарите да собираат храна.

Поставете ги кошниците рамномерно низ парцелата за максимални резултати. Препорачаниот број кошници зависи од културата и од присуството на други опрашувачки инсекти.

Бумбарите и пчелите можат да се дополнуваат едни со други во работата на опрашувањето и затоа може да бидат пуштени во истите култури. Поставете кошница со бумбари најмалку 100 метри подалеку од кошница со пчели, надвор од видното поле на пчелите. Ова е неопходно, бидејќи пчелите може да бидат привлечени од шеќерната вода во кошницата на бумбарите, особено ако главната култура сѐ уште не цвета.

По поставувањето, почекајте 30 минути пред отворањето на малите вратички за да им дадете време на бумбарите повторно да се смират. Транспортот и тресењето можат да ги вознемират бумбарите.

Заштитете ја кошницата со бумбари од многу високи температури кои настануваат како резултат од директна сончева светлина особено во топлите периоди. Обезбедете и на кошницата доволно сенка, на пример со поставување на истата во сенката на културата.

Уверете се дека долниот дел на кошницата се одржува сув. Чувајте го влезот на кошницата видлив за луѓе и бумбари во текот на периодот на цветање. На пример, поставете ја кошницата на сандак или на куп камења. Плевели што цветаат може да бидат посетени од бумбарите и да им го одвлечат вниманието од целната култура. Затоа треба да ги искосите или отсечете сите плевели што цветаат во и околу подрачјето што треба да се опраши.

Заштитете ја кошницата од силни ветрови. Поставете ја кошницата на засолнато место или прицврстете ја кошницата.

Поставете ја кошницата хоризонтално, така што бумбарите секогаш ќе имаат пристап до шеќерната вода испорачана со кошницата.

Употреба на пестициди

Бидете внимателни кога користите пестициди пред и во текот на цветањето. Некои пестициди може да бидат штетни за опрашувачките инсекти и исто така може да имаат долготрајни дејства. Разговарајте за ова со вашиот советник. Консултирајте го списокот на несакани дејства од хемиски третмани, на хартија или преку интернет. Овој список наведува како секој производ може да биде интегриран со користењето на бумбарите.