Потрошувачи

Секој ден, Koppert им помага на одгледувачите и земјоделците низ светот да се борат против штетниците и болестите на природен и одржлив начин. На овој начин, се надеваме дека ќе дадеме активен придонес за одржливо општество, со безбедна храна во доволни количества да ја прехрани популацијата што забрзано расте.

Произведувањето на нашите природни непријатели, бумбари, и микробиолошки решенија е процес што бара многу знаење. Покрај тоа, имплементирањето на нашите производи бара интензивна поддршка. Затоа Koppert ги продава своите производи исклучиво на професионални одгледувачи и земјоделци.

За да ви ја обезбедиме најдобрата можна услуга како потрошувач, создадовме листа со често поставувани прашања. Се надеваме дека одговорот на вашето прашање ќе го најдете во оваа листа.

Биолошка заштита на култури

Што претставува биолошката заштита на култури?
Идејата зад биолошката заштита на култури е многу едноставна: природни непријатели какви што се грабливи пајаци, бубамари и паразитски оси се ослободуваат за да се борат против штетните инсекти, на истиот начин како што тоа го прават во дивината. Koppert испорачува различни видови на паразитски оси, грабливи пајаци, инсекти и бубачки, муви шишкарици и мрежокрилци. Посетете го нашиот канал на YouTube за да видите како природните непријатели го напаѓаат нивниот плен.