Засилување на вашето опрашување

Што е опрашување?

Опрашување е пренесување на полен од прашниците на цветот до толчникот на цветот. Ако поленот се пренесува од прашниците до толчникот на истиот цвет тоа се нарекува самоопрашување. Вкрстено опрашување е пренесување на поленот од прашниците на еден цвет до толчникот на друг цвет на истото растение или на друго растение.

На многу цветови им се потребни инсекти како што се бумбарите за да се пренесе поленот. За бумбарите се знае дека се многу ефикасни опрашувачи. Тие пренесуваат големи количества полен со секоја посета на цвет поради нивната големина и многу густо обраснатите влакнести тела. Во текот на посетата на цветот, зрнцата полен ќе се залепат на крзното на бумбарот. Во текот на следните посети на цветот, овој полен ќе се пренесе до толчникот на цветот. Остатокот од поленот ќе биде собран од бумбарот во таканаречени кошници за полен на задните нозе на бумбарот.

Внатре во колонијата на бумбарите има јајца, ларви, кукли, возрасни бумбари и матица на бумбарите. Инсектите во несозреана фаза (ларви) имаат потреба од многу полен за да се развијат во возрасни бумбари. Оваа голема побарувачка на храна е двигателот за бумбарите работници да собираат полен и нектар.

Природно опрашување

Во 1988 година е откриено дека бумбарот е најдобар опрашувач за домати поради неговата единствена техника за опрашување „бззз“. Пред ова откритие, доматите биле опрашувани рачно што барало интензивна работа и било помалку ефикасно. Во рок од 3 години, примената на бумбарите кај доматите стана глобален стандард. Од 1993 година наваму, бумбарите беа успешно тестирани кај различни други култури покажувајќи придобивки како комерцијални опрашувачи. Денес, опрашувањето со бумбари се применува кај повеќе од сто различни култури низ целиот свет.

Придобивки од бумбарите

За бумбарите е познато дека се едноставни, ефикасни и сигурни опрашувачи, бидејќи тие:

  • обезбедуваат максимална сигурност за оптимално опрашување поради нивниот голем број на посети на цветовите и големото пренесување полен.
  • Тие се сигурни работници кои работат 7 дена неделно, од утро до мрак па дури и добро работат во тешки временски услови и во заштитени средини.
  • Лесни се за користење и бараат малку одржување.
  • Безбедни се, бидејќи не се агресивни

Зошто бумбари?

Бумбарите се многу ефективни и ефикасни опрашувачи, бидејќи тие посетуваат голем број на цветови во минута и пренесуваат повеќе полен до толчникот од други опрашувачи.

Други придобивки од бумбарите се:

  • бумбарите се префрлаат помеѓу дрвја и редови додека опрашуваат. Ова му користи на вкрстеното опрашување кое често е потребно кај различни овошни или зрнести култури.
  • Бумбарите се активни од рано наутро до доцна во ноќта и исто така на релативно ниски температури ( приближно 10°C) или во текот на пооблачни или ветровити услови.
  • Бумбарите се поефикасни во заштитени средини како што се пластеници, тунели или овоштарници со мрежа во споредба со пчелите.
  • Бумбарите настојуваат да ги посетат сите култури блиску до кошницата што може да претставува придобивка кога помалку атрактивни култури имаат потреба од подобро опрашување.
  • Бумбарите не се многу агресивни и со нив е лесно да се работи.
Play

Производство на бумбари

Природниот животен циклус на бумбарите се копира во лабораториски услови во нашите производствени капацитети. На овој начин, ние ги обезбедуваме најдобрите услови што се потребни да се обезбеди максимална достапност на висококвалитетни колонии на бумбари.

Зошто Natupol?

Барањата за опрашување постојано се менуваат поради трендовите на пазарот, нови сорти култури, технолошки развој и средина што се менува. Ова ја објаснува потребата за континуирано истражување и висококвалитетни иновативни производи за опрашување. Natupol не претставува само бумбар, туку сигурен иновативен систем за опрашување што ви обезбедува максимално опрашување и соодветствува со ветеринарните барања на земјата примател.

  1. Бумбари со највисок квалитет
    Споредбените испитувања покажаа дека колониите на Natupol произведуваат повеќе млади и бумбари во подолг временски период. Витални колонии со долг животен век нудат повеќе часови на опрашување.
  2. Најголема достапност на пазарот
    Колониите Natupol се достапни во текот на целата година и имаат краток рок на испорака. Koppert има добро организиран синџир на снабдување со глобално распределени производствени капацитети.
  3. Најдобри резултати при опрашување
    Natupol доведува до најмалку 30% поголем потенцијал за опрашување во споредба со производите на конкуренцијата, бидејќи Koppert колониите на бумбари растат поголеми и се подолговечни. Дизајнот на кошницата создаден низ текот на годините им помага на бумбарите да заштедат 20% од енергијата што обично се троши на ладење и загревање на кошницата.
  4. Најдобра вредност за парите
    Сите гореспоменати придобивки обезбедуваат максимални резултати од опрашувањето со мали трошоци за опрашување по килограм давајќи им ја на клиентите најдобрата вредност за парите.
  5. Подготвени за утрешните предизвици
    Проактивното истражување и соработка со бројни научни институти и универзитети се гаранција дека сме подготвени за иднината. Со повратните информации од клиентите и локални испитувања на бројни локации, производите Natupol се пробани и тестирани за да ви дадат ефективни, достапни и одржливи решенија што ги задоволуваат барањата на клиентите.
  6. Персонализирани совети и поддршка за одгледувачите
    250 консултанти и 130 дистрибутери на Natupol низ целиот свет им помагаат на одгледувачите нудејќи им експертски совет за користење на најдобрите практики кога работат со Natupol. За нас повратните информации од клиентите се од суштинско значење!

Производи за опрашување

Лекување на убоди од бумбар и алергии

Ви треба помош?