Spical Ulti-Mite

Spical Ulti-Mite Предаторско пајаче Neoseiulus californicus

Користи Spical Ulti-Mite за:
  • двоточкесто пајаче
  • овошен црвен пајак (исто европски црвен пајак)
  • цитрусен црвен пајак
  • широка гриња
  • јагодин пајак
Пакување:
  • Кутија со 100 кесички
  • Кутија со 500 кесички

Секоја кесичка содржи 100 предаторски пајачиња (во сите фази) и брашнени пајачиња за нивна исхрана, измешани со трици

Општи информации

Кога да користите Spical Ulti-Mite?

Користете Spical Ulti-Mite за биолошка контрола на:

  • двоточкесто пајаче (Tetranychus urticae)
  • овошен црвен пајак, исто познат како европски црвен пајак (Panonychus ulmi)
  • цитрусен црвен пајак (Panonynchus citri)
  • широка гриња (Polyphagotarsonemus latus)
  • јагодин пајак (Tarsonemus pallidus)

Воведете Spical Ulti-Mite кога се очекуваат штетници или кога се видлливи први знаци на присуство на штетници. Користете Spidex за третирања на жаришта.

Како функционира Spical Ulti-Mite?

Возрасните предаторски пајачиња, нимфи и ларви активно ги бараат и консумираат нивните жртви.

Како да користите Spical Ulti-Mite

Play video

Примена на Spical Ulti-Mite

  • Закачете ги кесичките во културата
  • Кесичките веќе имаат отвор за излегување
  • Држете ги кесичките за лепенката од картон на врвот, за да се избегне оштетување на предаторските пајачиња
  • Neoseiulus californicus е релативно отпорен на хемиски пестициди
  • Секогаш користете Spical Ulti-Mite заедно со Spidex

Најдобри услови за функционирање на Spical Ulti-Mite

Neoseiulus californicus толерира високи температури и мала влажност. Се храни со штетни пајачиња од сите развојни фази, но ги претпочита оние од помладите фази. Предаторските пајачиња се хранат со повеќе видови штетни пајачиња и со полен, а може да преживеат и повеќе недели без храна.

Ракување

Биолошките полезни организми имаат многу краток животен век и затоа треба да се воведат кај културата што е поскоро можно по приемот. Ако не направите така може да има негативно влијание врз нивниот квалитет. Во случај да треба да го складирате Spical Ulti-Mite, следете ги упатствата подолу. Koppert B.V. не е одговорен за никаква загуба на квалитет ако производот е складиран за подолго и/или под поинакви услови од препорачаните.

  • Складирање по прием: 1-2 дена
  • Температура на складирање: 12-14°C/54-57°F
  • На темно
  • Обезбедете вентилација за да спречите насобирање на CO2

Дозирање

Информациите дадени подолу се само за упатување. Приспособен совет може да се обезбеди ако се достапни информациии за локалните фактори коишто треба да се земат предвид, како културата, климатските услови и нивото на наезда. За правилен пристап, консултирајте се со специјалист на Koppert или со познат дистрибутер на производи Koppert.

Spical Ulti-Mite превентива блага лековитост силна лековитост
Стапка - - -
м2/единица 2.5 2.5 1
Интервал (денови) 28-42 28 28
Фреквенција      
Забелешки - Користете го во комбинација со Spidex Koристете го во комбинација со Spidex

Остварете контакт со експерт

Koppert Biological Systems

Thanks for your request!

Something went wrong, please try again

Сакате да дознаете повеќе за нашата компанија и производите? Остварете контакт со еден од нашите експерти.
Ги произведуваме нашите производи и решенија за професионални одгледувачи во хортикултурата.

Оваа страница е заштитена од reCAPTCHA и Политиката за приватност и Условите на услугата на Google.
Оваа страница е заштитена од reCAPTCHA и Политиката за приватност и Условите на услугата на Google.

Претплатете се на нашиот билтен

Добијте ги најновите вести и информации за вашите култури директно во вашето поштенско сандаче

Оваа страница е заштитена од reCAPTCHA и Политиката за приватност и Условите на услугата на Google.
Лизгај до врв