Се користи за
Кога да користите Spical?
Користете Spical за биолошка контрола на:
- двоточкесто пајаче (Tetranychus urticae)
- овошен црвен пајак, исто познат како европски црвен пајак (Panonychus ulmi)
- цитрусен црвен пајак (Panonychus citri)
- широка гриња (Polyphagotarsonemus latus)
- јагодин пајак (Tarsonemus pallidus)
Воведувајте Spical кога се сомневате на присуство на штетници или при прв знак на присуство на штетници. Користете Spidex за третирање на жаришта.
Како функционира
Спецификации на производи
Шише од 500 ml, содржи 25000 предаторски пајачиња
Секое шише содржи предаторски пајачиња (сите мобилни фази) измешани со материјал од инертен носач
Упатства за употреба
Примена на Spical
- Превртете го и нежно протресете го шишето пред употребата
- Растурете го материјалот по лисјата
- (Mini)-Air(o)bug може да се употребува за механичка дистрибуција на Spical
- Neoseiulus californicus е релативно отпорен на хемиски пестициди
- Секогаш користете Spical заедно со Spidex
Мерки на претпазливост: во случај на механичка апликација, вдишувањето на производот може да предизвика чувствителност. Се препорачува маска против прав како заштита за работниците и луѓето кои работат блиску до местата на примена.
Информациите дадени подолу се само за упатување. Приспособен совет може да се обезбеди ако се достапни информациии за локалните фактори коишто треба да се земат предвид, како културата, климатските услови и нивото на наезда. За правилен пристап, консултирајте се со специјалист на Koppert или со познат дистрибутер на производи Koppert.
Spical | превентива | блага лековитост | силна лековитост |
---|---|---|---|
<p>Стапка | 25/m² | 100/m² | 200/m² |
м2/единица | 1000 | 250 | 125 |
Интервал (денови) | 21 | - | - |
Фреквенција | - | 1х | 1х |
Забелешки | - | Користете го во комбинација со Spidex | Koристете го во комбинација со Spidex</p> |
Најдобри услови за функционирање на Spical
Neoseiulus californicus толерира високи температури и мала влажност.
Несакани дејства
Пестицидите може да имаат (ин)директни ефекти врз биолошките решенија. Откријте кои пестициди имаат несакани дејства врз овој производ.
Ракување со производи
Ракување
Биолошките полезни организми имаат многу краток животен век и затоа треба да се воведат кај културата што е поскоро можно по приемот. Ако не направите така може да има негативно влијание врз нивниот квалитет. Во случај да треба да го складирате Spical, следете ги упатствата подолу. Koppert B.V. не е одговорен за никаква загуба на квалитет ако производот е складиран за подолго и/или под поинакви услови од препорачаните.
- Складирање по прием: 1-2 дена
- Температура на складирање: 8-10°C/47-50°F
- На темно (шишињата хоризонтално)
Се применуваат општите услови на Koppert (Koppert B.V. и/или нејзините поврзани компании). Користете само производи што се дозволени во вашата земја/држава и за вашата култура. Секогаш бидете усогласени со локалните регистрации. Koppert не може да се смета за одговорна за неовластена употреба. Koppert не е одговорна за никаква загуба на квалитет доколку производот е складиран подолго време отколку што е препорачано и/или под несоодветни услови.