Се користи за
Кога да користите Spidend?
Користете Spidend за биолошка контрола на различни видови градинарски пајаци. Spidend особено се препорачува кога градинарскиот пајак се појавува во колонии/жаришта.
Како функционира
Спецификации на производи
Информациите дадени подолу се само за упатување. Приспособен совет може да се обезбеди ако се достапни информациии за локалните фактори коишто треба да се земат предвид, како културата, климатските услови и нивото на наезда. За правилен пристап, консултирајте се со специјалист на Koppert или со познат дистрибутер на производи Koppert.
Spidend | превентива | блага лековитост | силна лековитост |
---|---|---|---|
<p>Стапка | - | 0,25/m2 | 10/m2 |
м2/единица | - | 1000 | 25 |
Инервал (денови) | - | 7 | 7 |
Фреквенција | - | мин. 3x | мин. 3x |
Забелешки | - | Користете го само во заразени области | Користете го во целата градина</p> |
Упатства за употреба
Примена на Spidend
- Направете отвор на капакот и ставете ја конзервата на лента стаклена волна или директно на почвата
- Заштитете го од директна сончева светлина и вода
- Оставете ја конзервата на местото најмалку две недели
- Искористете ја етикетата што се одлепува за да обележите кога е воведен производот
Feltiella acarisuga секогаш треба да се употребува во комбинација со предаторското пајаче Phytoseiulus persimilis (Spidex).
Најдобри услови за функционирање на Spidend
За оптимални резултати е потребна влажна средина (80% RV) и температура помеѓу 20 и 27°C.
Несакани дејства
Пестицидите може да имаат (ин)директни ефекти врз биолошките решенија. Откријте кои пестициди имаат несакани дејства врз овој производ.
Ракување со производи
Ракување
Биолошките полезни организми имаат многу краток животен век и затоа треба да се воведат кај културата што е поскоро можно по приемот. Ако не направите така, може да има негативно влијание врз нивниот квалитет. Во случај да треба да го складирате Spidend, следете ги упатствата подолу. Koppert B.V. не е одговорен за никаква загуба на квалитет ако производот е складиран подолго од препорачаното и/или под несоодветни услови.
- Складирање по прием: 1-2 дена
- Температура на складирање: 8-10°C/47-50°F
- На темно
Се применуваат општите услови на Koppert (Koppert B.V. и/или нејзините поврзани компании). Користете само производи што се дозволени во вашата земја/држава и за вашата култура. Секогаш бидете усогласени со локалните регистрации. Koppert не може да се смета за одговорна за неовластена употреба. Koppert не е одговорна за никаква загуба на квалитет доколку производот е складиран подолго време отколку што е препорачано и/или под несоодветни услови.