Дури и поголемо влијание врз контролата на градинарскиот пајак!
Се започна со Spidex (Phytoseiulus persimilis) во Koppert пред повеќе од 50 години. Од првиот ден овој граблив пајак ја формираше основата на нашата контрола врз градинарските пајаци. Низ времето прерасна во еден од најважните производи за нашите одгледувачи. Како резултат на многу години истражување и подобрување, Spidex сега се испорачува со нова формулација; со поголемо влијание врз контролата на градинарските пајаци. Spidex Vital
Создаден да се бори
Spidex Vital грабливите пајаци се создадени да се борат со вашите градинарски пајаци. Ви ја дава најдобрата контрола врз жариштата; градење на популации преку побрз раст, со зголемен капацитет за полагање јајца и доказ за предаторство. Откако грабливиот пајак ќе конзумира неколку градинарски пајаци, бојата постепено ќе се смени во карактеристичната црвено-портокалова боја.
Подобрена контрола на жаришта
Нашата подобрена формулација осигурува дека нашите грабливи пајаци имаат енергичен почеток и се поспособни за поминување на даденото растојание. Во шише на Spidex Vital присутен е поразновиден состав на популација, па кога ќе се нанесе во жаришта, возрасните се следени од растечки нимфи и исто така од Spidex јајца што се присутни и кои ќе се изведат при соодветен извор на храна. Овие комбинирани фактори даваат зголемена контрола на жаришта во вашата култура.
Подобрен капацитет за полагање јајца
Бидејќи Spidex Vital има постојан пристап до прехрана во текот на логистиката, женките на Spidex Vital веќе имаат доволно енергија да ги изведат нивните јајца. Како резултат, тие веднаш може да почнат да полагаат јајца по ослободувањето и не мораат да добиваат енергија од градинарските пајаци од полето за да ги изведат јајцата. Ова ќе ја зголеми популацијата во вашата култура.
Доказ за предаторство
Phytoseiulus persimilis станува црвен откако ќе ја изеде жртвата. Откако грабливиот пајак ќе конзумира неколку градинарски пајаци, бојата постепено ќе се смени во карактеристичната црвено-портокалова боја. За ова се потребни 1-2 дена. По воведувањето „бел“ Spidex Vital, следствено постои јасен доказ за предаторство кога ќе се забележи црвен Spidex Vital.
ЧПП
Може да најдете сè што ви е потребно да знаете за Spidex Vital тука. На оваа страница вие ќе најдете список на прашања и одговори за Spidex Vital воопшто, нивната примена, формулација и пакување, ракување и складирање и регулаторни прашања.