Swirski-Mite Plus

Научен назив:
Amblyseius swirskii
Општоприфатено име:
Предаторско пајаче
Категорија на производ:
Natural enemy
Swirski-Mite_Plus_new_sachet.jpg
Play
Play

Се користи за

Се користи за

Кога да користите Swirski-Mite plus?

Користете Swirski-Mite Plus за биолошка контрола на млади ларви на различни видови трипси, јајца и ларви на белокрилка (иTrialeurodes vaporariorum и Bemisia tabaci) и пајаци од фам. Tarsonemidае (Polyphagotarsonemus latus). Користете Swirski-Mite plus како превентивна метода и кога се појавуваат првите знаци на штетници.

Како функционира

Како функционира

Како функционира Swirski-Mite Plus?

Возрасни предаторски пајачиња ги бараат жртвите или чекаат тие да поминат и потоа се хранат со своите жртви.

Play

Спецификации на производи

Спецификации на производи

  • Кутија со 100 кесички
  • Кутија со 500 кесички

Секоја хартиена кесичка содржи 250 предаторски пајачиња и брашнени пајачиња за нивна исхрана измешани со трици

Упатства за употреба

Упатства за употреба

Примена на Swirski-Mite Plus

  • Употребете ги кесичките што е можно побрзо по приемот
  • Закачете ги кесичките на засенчени локации на растенијата (без директна сончева светлина).
  • Мерки што го подобруваат балансот на влагата во кесичките, како што е поставување на дното на кесичката на влажен супстрат, ќе има позитивен ефект на долготрајноста на производот.
  • Кесичките може да се постават директно на растенијата (кесичките веќе имаат отвор за излез)
  • Ракувајте со кесичките внимателно држејќи ги за лепенката од картон на врвот; предаторските пајачиња лесно се оштетуваат
Play

Информациите дадени подолу се само за упатување. Приспособен совет може да се обезбеди ако се достапни информациии за локалните фактори коишто треба да се земат предвид, како културата, климатските услови и нивото на наезда. За правилен пристап, консултирајте се со специјалист на Koppert или со познат дистрибутер на производи Koppert.

Swirski-Mite Plus превентива блага лековитост силна лековитост
Стапка - - -
м2/пакување 1-2.5 1-2.5 1
Интервал (денови) 28-42 28 28
Фреквенција - - -
Забелешки - користете го при појава на трипсите и белокрилката користете само во заразени подрачја,во комбинација со други корисни инсекти

Најдобри услови за функционирање на Swirski-Mite plus

Предаторското пајаче не е подложно на дијапауза и затоа може да се употребува и во текот на зимата. Тоа е толерантно на високи температури; популацијата swirskii започнува да се развива кога температурите во текот на денот редовно надминуваат 20-22°C.

Несакани дејства

Пестицидите може да имаат (ин)директни ефекти врз биолошките решенија. Откријте кои пестициди имаат несакани дејства врз овој производ.

Оди до база на податоци за несакани дејства

Ракување со производи

Ракување со производи

Ракување

Биолошки полезните организми имаат многу краток животен век и затоа треба да се воведат во културата што е поскоро можно по приемот. Ако не направите така може да има негативно влијание врз нивниот квалитет. Во случај да треба да го складирате Swirski-Mite Plus, следете ги упатствата подолу. Koppert B.V. не е одговорен за никаква загуба на квалитет ако производот е складиран подолго од препорачаното и/или под несоодветни услови.

  • Складирање по прием: 1-2 дена
  • Температура на складирање: 10-15°C/50-60°F
  • На темно
  • Обезбедете вентилација за да спречите насобирање на CO2

Се применуваат општите услови на Koppert (Koppert B.V. и/или нејзините поврзани компании). Користете само производи што се дозволени во вашата земја/држава и за вашата култура. Секогаш бидете усогласени со локалните регистрации. Koppert не може да се смета за одговорна за неовластена употреба. Koppert не е одговорна за никаква загуба на квалитет доколку производот е складиран подолго време отколку што е препорачано и/или под несоодветни услови.

Ви треба помош?