Нашата компанија

Нашата приказна

За да го направиме светот поодржлив, потребни ни се начини на развој што се и безбедни и здрави. Веруваме дека одговорите на овие земјоделски предизвици лежат во самата природа. Па, затоа, стануваме партнери со природата. И ѝ помагаме на нашата планета да го пронајде својот баланс. Го правиме тоа користејќи природни непријатели во борбата против штетници, бумбари за опрашување, микроби и биостимуланти кои им помагаат, ги штитат и зајакнуваат културите. Го подобруваме здравјето на растенијата, и над земјата и под неа.

Нашата компанија е основана во 1967 година од Јан Коперт, холандски одгледувач со јасна визија; дека на светот му е потребна алтернатива за хемиските пестициди. Тој е првиот што најде природно решение за борба против штетниците во својата култура. Така, поттикна огромна трансформација кон одржливо земјоделство.

Повеќе од 50 години ги туркаме земјоделските иновации, а овие наши напори имаат влијание. Одгледувачите и земјоделците ширум светот ги користат нашите производи и знаење за да ја вратат природната рамнотежа во своите култури. Го подобруваме здравјето, отпорноста и приносот на посевите.

Заедно ги исполнуваме највисоките барања за безбедност на храната, движејќи се кон нашата крајна цел: 100 % одржливо земјоделство.

Јасна цел што не можеме да ја постигнеме самите. Затоа, се здружуваме со одгледувачи, партнери, универзитети, центри за истражување и владини тела ширум светот. Заедно придонесуваме за подобро здравје на луѓето и планетата. Затоа, да продолжиме да одиме напред и да бидеме партнери со природата.

Нашата визија

На светот му е потребно 100 % одржливо земјоделство. Придонесуваме кон оваа цел развивајќи и промовирајќи практики за одржливо одгледување, во партнерство со природата.

Big impact starts small

Play

Нашата мисија

Koppert придонесува за подобро здравје на луѓето и планетата. Во партнерство со природата, ние го правиме земјоделството поздраво, побезбедно и попродуктивно. Обезбедуваме интегриран систем на специјалистичко знаење и природни, безбедни решенија што го подобруваат здравјето, издржливоста и производството на културата.

Нашите вредности

Принципите што нè водат на патот кон поддршка и стремеж да ја постигнеме нашата мисија, визија и цел. Нашите основни вредности јасно покажуваат за што се залагаме и претставуваат патоказ за сè што правиме. Тие се основата на културата на нашата компанија.

Стануваме партнери со природата
За да го направиме светот поодржлив, потребни ни се решенија за раст што се и безбедни и здрави. Со сè што правиме, мора да се погрижиме дека природата и луѓето подеднакво имаат корист. Веруваме дека одговорите на нашите земјоделски предизвици лежат во самата природа. И во обновата на природниот баланс на нашата планета. Затоа сме партнери со природата.

Работиме за одгледувачите
Ние, како основачи на компанијата, кои започнавме како одгледувачи, никогаш не ги забораваме нашите корени. Им ги овозможуваме на одгледувачите и фармерите низ светот нашите производи и знаења. Ги разбираме нивните предизвици и чувствуваме силна одговорност за да им помогнеме да се обнови природниот баланс во нивните посеви. Преку нив, придонесуваме кон тоа безбедната, висококвалитетна храна со достапна цена да ја направиме расположлива за секого.

Продолжуваме да се подобруваме
Поттикнати од нашата мисија, секогаш трагаме по нови и подобри решенија. Непрекинато ги зголемуваме нашите практични знаења и ги подобруваме нашите процеси, производи и услуги за да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти. Со отвореноста кон нови идеи и учење преку грешки, остануваме првенци во нашето поле.

Градиме глобални мрежи
Соработката е во нашата ДНК. Знаеме дека треба да работиме заедно за да ги приближиме чекорите до нашата мисија и визија. Преку нашата глобална мрежа, ги споделуваме нашите визија и знаења, градиме вредни познанства и ги инспирираме останатите. Нашата глобална мрежа е од суштинска важност, па затоа заштитата на мрежата е исто толку важна како и нејзината изградба. Заедно работиме за нашата крајна цел: 100 % одржливо земјоделство.

Ние сме семејство
Ние сме семејна компанија и се третираме едни со други како семејство. Се грижиме едни за други, се почитуваме и цениме меѓусебе. Обединети сме преку нашите заеднички вредности и силна верба во биолошки решенија и практики на одржливо одгледување.

Нашата историја

Во 1967 година, одгледувачот на краставици, Јан Коперт, бараше ново решение за борба против штетниците и болестите, бидејќи пестицидите што дотогаш ги користеше станаа помалку ефикасни. Тој е првиот што најде и воведе природно решение во борбата против црвените грини - природниот непријател, грините Phytoseiulus persimilis.

Резултатите и ефектите беа толку неверојатни, што Јан Коперт реши да го произведува ова решение, не само за својата компанија, туку и да го продава на неговите колеги одгледувачи.

Така се роди Koppert. Неговите синови, Питер и Пол Коперт, како и внукот Хенри Остхук, се оние кои ја претворија малата пионерска компанија во глобалниот лидер на пазарот што сме денес. Го прошируваме опсегот на корисни инсекти, воведуваме природни опрашувачи и истражуваме и развиваме микробни производи и биостимуланти. Ги правиме нашите природни решенија достапни за одгледувачите и земјоделците ширум светот. Овозможуваме одржлива алтернатива за хемиските пестициди и поттикнуваме огромна трансформација кон одржливо земјоделство за да обезбедиме здрава иднина за луѓето и планетата.

Повеќе од 50 години истражуваме, формулираме и воведуваме природни решенија во согласност со природата. Денес, следната генерација ја води нашата семејна компанија во иднината. Со 30 подружници ширум светот, нашите решенија во моментов успешно се применуваат во над 100 земји

Нашите решенија

Нудиме интегриран систем на природни решенија за одгледување поздрави и побезбедни култури, овозможувајќи им на одгледувачите да ги подобрат квалитетот и приносот. Со нашите постојани иновации, како и стручно знаење и помош кои ни се секогаш достапни, ги поддржуваме одгледувачите во над 100 земји за успешно да применуваат методи на одржливо одгледување. Нашиот холистички пристап е она што нè извојува од другите. Го подобруваме здравјето на растенијата, и над земјата и под неа. Сите наши решенија поддржуваат една цел: 100 % одржливо земјоделство.