Биолошко третирање на семиња

Претставување на биолошко третирање на семиња
Претставување на биолошко третирање на семиња

Општи информации

Побарувачката на решенија за биолошко третирање на семиња се зголемува. Тие се гаранција фармерите да го заштитат нивниот потенцијален принос и квалитет со минимизирање на загубите кај културата. Производите за биолошко третирање на семиња на Koppert може да се поделат на производи за заштита на културата (Cerall, Cedomon, Cedress), кои имаат видливо дејство против штетници или болести (биотички стрес) и биостимуланси (Panoramix) кои ја зголемуваат издржливоста на културата против абиотички стрес како суша, стрес на соленост и го подобруваат внесувањето хранливи материи кај растението.

што е третирање на семиња
што е третирање на семиња

Што е биолошко третирање на семиња?

Биолошкото третирање на семиња содржи активни состојки во кои може да бидат вклучени микроби како габи и бактерии, како и екстракти од растенија и алги.

Биолошките супстанции се нанесуваат на семето во форма на прашок или како течност. Рамномерен слој го покрива целото семе. На овој начин, корисните состојки се достапни за семето кога му се потребни.

придобивки од биолошко третирање на семиња
придобивки од биолошко третирање на семиња

Кои се придобивките од биолошкото третирање на семиња?

Биолошкото третирање на семиња има корисни ефекти врз растот, издржливоста на растението, абиотичкиот стрес, развојот на кореновиот систем и на продуктивноста на културата. Преглед на позитивните карактеристики на микробите во зависност од организмот:

  • Биолошкото третирање на семето делува како биостимулатор: третираната култура станува посилна и расте подобро;
  • Третирањето ги зголемува приносите на културата бидејки им помага на растенијата да се борат против патогените на растението и да го минимизираат биотичкиот стрес;
  • Микроорганизмите што го промовираат растот на растението ги населуваат корењата и ја заштитат културата во текот на целата сезона на растење.
  • Третирањето на семињата ја зголемува достапноста на хранливи материи за растението во коренскиот систем и го зголемува внесувањето на хранливи материи;
  • Подобрувањето на растот на коренот и надземната маса значи дека стапката на ран раст е оптимизирана и дека и хранливата вредност на културата и приносите од производството се зголемени;
  • Биолошкото третирање на семиња ја намалува употребата на агрохемикалии што води до помала изложеност на одгледувачите на хемикалии и го намалува нивното влијание врз животната средина. Потенцијалното изложување на почвата на агрохемикалии исто така е ограничено на овој начин.
Ви треба помош?