Prunus spp.

Кајсија

За

Кајсија е името на плодот или на дрвото кое го дава тој конкретен плод. Постојат различни видови кои припаѓаат на родот Prunus (коскесто овошје). Обично дрво на кајсија припаѓа на видот P. armeniaca. Сепак, видовите P. sibirica, P. mume, P. mandshurica и P. brigantina се многу слични како што се и нивните плодови,тие исто така се викаат кајсии.

Кајсијата е коскесто овошје што наликува на мала праска (1,5-2,5 cm или 0,6-1,0 cm во дијаметар, некои сорти се поголеми) и нејзината боја варира од жолта до портокалова и често е малку црвенкаса на страната што ја греело сонцето. Нејзината лушпа може да биде или мазна (ботанички: необрасната) или да е покадифеста на допир (ботанички: прекриена со ситни влакненца).