Интегрирано управување со штетници

Интегрирано управување со штетници

Користење на силата на природата

Доволно е да се внесе страв во срцето на кој било што размислува за иднината на производството на храна: како десет милијарди луѓе коишто веројатно ќе ја населуваат планетата Земја во 2050 година ќе имаат доволно за јадење? Како ние ќе постигнеме нешто блиско до дуплирање на постоечкото количество плодна, обработлива земја, како што ќе мораме ако се повеќе и повеќе луѓе се префрлаат на западната исхрана со високи количества месо и млечни производи? Како може да го осигуриме производството на здрава храна на начини што се безбедни и за луѓето и за животната средина?

Треба да поминете само еден час на интернет за да бидете преокупирани со глобалните проблеми: маѓепсаниот круг кој започнува од користењето големи количества вештачко ѓубриво, кое ја зголемува зависноста од пестициди, кои за возврат предизвикуваат отпорност и оштетување на животната средина и човечкото здравје – од друга страна за педесет години светските залихи на најважната компонента на вештачките ѓубрива, фосфатот, практично ќе се потрошат. Уништувањето на шумите, ерозијата, недостатокот на свежа вода, прекумерниот риболов, загадувањето на воздухот и морската вода и климатските промени: сите се фактори што уште повеќе ги комплицираат нештата.

Според Обединетите Нации и Европската Унија, иновацијата во земјоделството и хортикултурата е врвен приоритет. Целта на иновацијата мора да биде да го заштити и каде што е можно да го зголеми производството на здрава храна по хектар со минимално користење вештачко ѓубриво и хемиски пестициди. Многу научници се согласуваат дека тоа ќе биде можно само ако одгледуваме култури според концептот на интегрирано управување со штетници (IPM). Тоа е термин што се однесува на начинот на кој одгледувачите ги одгледуваат и заштитуваат нивните култури врз основа на знаење на циклусите во и околу растенијата, на еквилибриумите и односите на зависност помеѓу растенијата, инсектите, микроорганизмите и хранливите материи. Одржливото одгледување бара културите да бидат отпорни на болести и наезди, а околината во која тие се одгледуваат треба да има капацитет да се поправи себеси. Само тогаш ние може да ја намалиме употребата на вештачки ѓубрива, да ја минимизираме зависноста од пестициди и да ја зголемиме продуктивноста.

Колку и да може да бидат добри резултатите од Интегрираното управување со штетници (IPM), чесно е само да се каже дека во светски рамки неговото поставување во земјоделството е сѐ уште на самиот почеток и ние сме многу далеку од разбирањето на се она што се одвива во и околу културите што ги одгледуваме за храна. Koppert е една од водечките сили позади иновациите инспирирани од IPM во производството на храна. Преку истражување и развој на производи, и со споделување знаење со земјоделци и одгледувачи насекаде низ светот преку својата мрежа, компанијата работи да го прошири својот избор на ресурси и алатки за да се минимизира употребата на вештачко ѓубриво и пестициди во производството на храна.

Што е Интегрирано управување со штетници?

Постојат многу дефиниции кои објаснуваат што е Интегрирано управување со штетници (IPM). Најважна е неговата цел: користи биолошка контрола кога можеш, хемиска контрола кога мораш. Збирката алати што нѐ води таму содржи многу различни инструменти. Тоа ја прави работата на консултантот за IPM толку разновидна, интересна и понекогаш комплицирана. Најважните алатки за IPM се опишани подолу.

Здравје на почвата

Здрава почва или супстрат е основата за здрава култура. Размислувајте за здравјето на почвата или супстратот не само во биолошка смисла: минимално присуство на штетници или болести што се пренесуваат преку или настануваат во почвата. Но исто така од хемиско гледиште: добро балансиран однос на минерали во матрицата на почвата или хранливиот раствор . Исто така да не ги заборавиме физичките аспекти: порозна структура на почвата или супстратот што овозможува размена на гасови помеѓу коренската зона и воздухот горе.

Избор на сорта

Различните сорти може значително да се разликуваат во нивната чувствителност на штетници и болести. И тоа се базира на отпорностите што тие ги имаат во својата генетика. Разликата во ткивото на листот и составот на сокот на растението помеѓу сортите исто така има улога во начинот на кој штетниците или болестите се развиваат.

Прецизно сеење

Оваа техника помага да му се обезбедат на секое растение слични услови што води до поуедначени растенија . На тој начин се избегнува појава на слаби растенија што се поосетливи на штетници и болести.

Хигиена на култура

Тоа всушност започнува со претходната култура: отстранување на старата култура со нејзините преостанати штетници и предизвикувачи на болести далеку од производната површина помага да се намалат или одложат инфекциите во новата култура. Чистење на структурата на пластеникот со се што е внатре во него, е исто така важно. Отстранувањето на нападнатите растенија или делови на растенијата од почетокот на новата култура ги ограничува изворите на инфекција.

Примена на производи за промовирање на растот на растението

Микроорганизми што го промовираат растот на растението може да се применат од почетокот на одгледувањето. Тие го збогатуваат микробниот состав на ризосферата. Збирна повеќе полезни микроби предизвикува системска отпорност и им помага на растенијата подобро да растат. Обложувањето на семето е ефикасен начин да се нанесат полезни микроорганизми на полјоделски култури.

Следење и примена

Често и систематско прибирање информации е суштинско за успехот на IPM. Раното откривање на штетници и болести води до навремено дејство кога нивоата на штетници или болести се ниски и дејствијата најефективни. Внимателно набљудување, лепливи стапици, стапици со феромон и лупи се незаменливи алатки за прибирање информации и следење. Модерни техники со посебни камери на дронови обезбедуваат нови и интересни опции за прибирање информации. Внимателното набљудување исто така обезбедува податоци што помагаат да се квантифицира развојот на штетниците и природните непријатели. Со внимателно набљудување се добиваат многу податоци. Прецизното земјоделство ги претвора овие податоци во корисни информации за управување, евалуирање и постојано подобрување на системите за IPM. Koppert обезбедува хардверски и софтверски алатки што го олеснуваат прибирањето информации и Прецизното земјоделство.

Може да се подготват дронови да дистрибуираат природни непријатели со минимална употреба на работна сила. Кога ќе се комбинираат со прибраните информации од системот за Прецизно земјоделство се овозможува прилагодување на применетите количини на потребите за контрола на инфекциите на локално ниво. Биолошката контрола со природни непријатели е игра со броеви па внимателното набљудување ќе помогне да се добие најдобриот профит од инвестирањето во природни непријатели.

Економска оправданост за третирањето

Штетниците или болестите може да бидат присутни кај културата без да предизвикуваат економска штета. Очигледно нивото на оправданост зависи од културата и од комбинацијата на штетници и болести. Познавањето на овие прагови на оправданост и на динамиката на штетниците и природните непријатели помага да се избегнат непотребни (хемиски) интервенции.

Полезни инсекти

Превентивни ослободувања на природни непријатели
Природните непријатели мора да се воведат рано во развојот на популацијата на штетниците за да бидат најефективни. Во некои случаи, ослободувањето на природни непријатели дури и пред штетникот да биде присутен е можно дури и неопходно за оптимална ефикасност. Некои полезни пајачиња може да се хранат со поленот или да се хранат со пајачиња; некои полезни бубачки со посебна храна базирана на јајца на молци. Некои паразитоиди може да се одгледуваат на растенија за одгледување природни непријатели во пластеникот.

Зголемени ослободувања на полезни инсекти/пајачиња
Кога превентивни ослободувања не се можни или изводливи, податоците од прибраните информации помагаат да се определи временската рамка и стапките за воведувањето природни непријатели.

Стапици за ловење на голем број штетници

Природните непријатели не се комерцијално достапни за сите штетници. Во некои случаи и на природните непријатели им е потребна помош. Техники на масовно ловење како Rollertraps (стапици со леплива лента) или Horiver (леплива плочка) (1000/ha) придонесуваат за контролата на летечките фази на штетниците како што се белокрилка и трипси. За некои други штетници стапиците со феромон може да го направат масовното заловување во стапици поефективно.

Користење на исхраната на растението за подобро здравје на растението

Податоците од анализата на сокот на растението открија јасна поврзаност помеѓу составот на хранливите материи кај листот и чувствителноста кон штетници или болести. Управувањето со статусот на хранливите материи кај растенијата станува важна алатка во управувањето со здравјето на растенијата. На пример, пониски нивоа на нитрати во сокот на растението го забавуваат развојот на градинарските пајаци, белокрилката и други штетници без одразување на производството или квалитетот. И има уште многу такви примери .

Усогласување на IPM и технологијата на одгледување на културите

Познавањето на циклусот на културата и технологијата на одгледување на културите е суштинско за најдобра интеграција на програмата за IPM и културата. Стратегијата на отстранување на листовите кај доматите може да направи разлика во тоа како се развиваат популациите на паразитоидите на белокрилката и Macrolophus. Примена на грабливи пајаци против трипси кај саксиски растенија е поефикасна кога ќе се изврши пред разместување на растенијата. Кога растенијата се одгледуваат во поладни услови се употребуваат корисни инсекти или пајаци кои што добро функционираат во такви услови.

Управување со климата

Програмата „ Следна генерација на одгледување“ предизвика радикална промена во технологијата на одгледување на културите и климатските услови во високотехнолошките пластеници. Таа прикажува како соодветно да се управува со водата, енергијата и балансот на асимилати и придонесува за здрава култура помалку осетлива на штетници и болести.

Биопестициди

Има три категории биопестициди

Микробни пестициди се засновани на бактерии, габи, оомицети или вируси и може да се користат за биолошка контрола на штетници и болести. Примери се: Trianum (Trichoderma harzianum), Mycotal (Lecanicillium muscarium) и Bacillus thuringiensis.
-
Биохемикалии се засновани на екстракти од растенија или метаболити (ним, растителни масла).
-
Половите феромони се најпознатиот пример на семиохемикалии.

Биопестицидите обезбедуваат широка лепеза алатки за нехемиска контрола на штетници и болести. Употребата е можна само кога производот е регистриран во земјата на примената. Биопестицидите обично се компатибилни со природните непријатели, но има исклучоци. Проверете ја базата на податоци со несакани дејства на Koppert или преземете ја апликацијата за несакани дејства за конкретни информации.

Компатибилни хемикалии

Кога нехемиските алатки не се целосно способни да ги одржат нивоата на штетници или болести под економскиот праг на штетнст, често постојат можности за користење хемиски пестициди со минимално влијание врз природните непријатели или микробните пестициди. Проверете ја веб-локацијата за базата на податоци со несакани дејства на Koppert или апликацијата за конкретни информации и потврдете со клиентот дали избраниот пестицид не ги нарушува барањата на пазарот.

Ви треба помош?